Подготовка:

1. Во тавче на оган го ставаме маслиното масло да се загрее, го пржиме кромидот 10 тина минути. Додаваме сол и балсамико, пржиме. При крајот го додаваме медот, пржиме уште неколку минути, па го тргаме од оган.

2. Сос- киселите краставички ги сецкаме на ситни коцки или може да ги изрендате. Ги ставаме во длабок сад со сите останати состојки и промешувате. Врз секоја тортиља во средина ставаме лист марула, врз него 1 лажица сос, па плескавицата, врз неа 1 лажица од карамелизираниот кромид и неколку парчиња кашкавал исечен на тенки листови. Краевите од тортиљата ги превиткуваме кон средината, како подарок.

3. Бургерот го потпекуваме во загреано тавче со малку маслиново масло од сите страни, додека да порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани