1 и 3 кора
Се матат 8белки во цврст снег. 8 жолчки се матат со шеќерот додека не запенат, па полека со лажица се додаваат оревите, какаото, мелените бисквити и брашното помешано со пецивото. Се меша полека со дрвена лажица постепено додавајќи од изматените белки. Смесата се изедначува и се дели на два дела па се печат две кори во плех на хартија.
2 кора
Белките се матат во цврст снег. Постепено се додава шеќерот и се мати додека се добие цврсто шне. Кон изматените белки со лажица се додава кокосот, брашното и пецивото и се пече кора во истиот плех на хартија.
Фил
Прашакот за пудинг се мати со жолчките, 200мл млеко и какаото и се додава кон останатото зовриено млеко со шеќер. Се вари густ крем и се трга настрана да се излади. Кон топлиот крем се додава и 100гр црна млечна чоколада. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот пудинг и се мати додека се добие мазен крем. Кремот се дели на3 дела-во едниот се додава сецканата ресана, во другиот бананчињата и 3 останува мазен крем.
Се филува
1 кора фил со ресана, кора од кокос - фил со бананчиња,3 кора мазен фил, па декорација по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани