Ова е торта за добредојде на моето второ внуче Стефан.
1. Се прави најпрво тестото. Се матат јајцата заедно со шеќерот до згуснување. Потоа се додаваат сите преостанати состојки и се мешаат со лажица. Се става во плех од рерна и се печи на 180С-25мин. Се сечи тестото на три ленти и се прелива со млако млеко.
2. Се прави филот. Во сад се загрева млекото и шеќерот до вриење и топење на шеќерот. Потоа со врелото млеко се преливаат оревите и бисквитите. Се промешуваат и оставаат да оладат. Настрана се мати маргаринот и се додава во оладениот фил. Убаво се миксира до изедначување на смесата.
3. Се филува тортата-тесто, па по 3 полни лажици фил, тесто фил, тесто фил и одозгора ореви и украси по желба. Јас настрана, со бело стопено чоколадо, напишав, на фoлија - Стефан. Се исуши и го обоив со сребрена боја за колачи.Тортата е превкусна !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани