За белиот пандишпан одделете ги жолчките и белките. Белките изматете ги со шеќер, жолчките изматете ги со ванила. Жолчките истурете ги во белките, додајте брашно, пециво, мелени ореви, промешајте и истурете во округла тава. Печете во загреана рерна на 180 степени 25 минути.
Испеченото тесто оставете да истине. Пресече на две кори.

За црниот пандишпан одделете жолчки и белки. Белките изматете ги со шеќер, жолчките со ванила. Жолчките истурете ги кај белките, додајте брашно, какао, пециво промешајте, истурете во округла тава. Печете во загреана рерна на 180 степени 25 минути. Тестото оставете да истине, пресече го на две кори.

За бел фил
500 мл млеко ставете да зоврие. Во останато 100 грам млеко ставете јајца, шеќер, пудинг и густин, изматете со миксер. Додавајте во смесата пополека топло млеко, ставете на тивко да се вари и редовно мешајте го додека не загусне. На крај ставете бело чоколадо и промешајте да се стопи. Покријте со фолија да истине.

За чоколаден фил иста постапка како за белиот, само кога ќе се се свари се додава црно чоколадо за готвење.
За белиот фил изматете 100 гр путер со 100 шеќер во прав додајте белиот фил и изматете се заедно. Во фил ставете бисквити орео и исечете на ситни коцки чоколадо.
За чоколаден фил 200 гр.путер изматете со со 200 грама шеќер во прав, додајте чоколаден фил се убаво изматете со миксер. Додајте дробени бисквити орео, и милка чоколада сечена на ситни парчиња.
Собиранје на торта
Првен белиот пандишпан премачкајте со чоколаден фил, врз него, чоколаден пандишпан премачкајте со бел фил, врз него бел пандишпан премачкајте со чоколаден фил, покријте со чоколаден пандишпан.
Торта оставете во фриждер да се стегне. Од вечер до сабајле.
Украсуваме
Изматете слатка павлака. Во еден дел од шлаг ставете плава боја.
Со белата слатка павлака покријте ја тортата и израмнете ја. Ставете фигура женска. Со плава боја правете фустан на девојката.
Ова торта ја правев за роденден на ќерка ми, по нејзина желба!
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови