Најпрво го правиме филот.
Го сецкаме ситно кромидот и убаво го пржиме го додаваме и месото и зачинуваме. Пржиме 15 минути и оставаме да се излади.
Квасецот го зафаќаме и оставме да надојди. Брашното, јајцата, солта, маслото и путерот ги ставаме во подлабок сад. Постепено го додаваме млекото и месиме додека не добиеме убаво тесто. Го оставаме да надојди тестото и потоа го делиме на два дела.
Од секој дел сучиме кора и со чаша сечиме кругови. На секој круг ставаме од филот и го затвораме. Ги оставаме да надојдат сите топчиња и пред да се печат ги премачкуваме со матено јајце и наросуваме сусам. Печиме на 190 степени околу 25 минути. На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови