22
ное
2015
Руска супа со топчиња од мелено месо
1. Кромидот ситно се сецка и се пржи со масло.
2. Во длабок сад се ставаат месото, една третината од пржениот кромид, јајцето, ситно исецканиот магдонос, солта и пиперот. Сето тоа убаво се промешува.
3. Со влажни раце се формираат од месото мали топчиња.
4. Морковите и пиперките ситно се сецкаат и се додаваат кај кромидот и сето тоа се пржи до готовност.
5. Водата се загрева на тивок оган, внимателно се додаваат месните топчиња и се вари околу 7 минути.
6. Ситно исецканите кромпири и пржените зеленчуци ги додаваме во супата и ги посолуваме, па се вари уште 20тина минути.
На здравје! Вкусна и корисна супа :)
Лиценца: Сите права се задржани