Одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги во цврст снег.

Рикотата посолете ја и наросете малку црн мелен бибер, а потоа убаво промешајте ја додека стане кремаста.
Додајте ги изматените белки и полека измешајте ги(мешајте во еден правец од долу према горе).

Садовите за суфле премачкајте ги убаво со путер и ставете од смесата.
Печете ги на 200 степени, околу 4 минути.
Потоа извадете ги од рерна и со помош на врв од нож направете отвор на средината.
Во секој отвор ставете по една жолчка.
Одозгора нанесете го ситно реднадиот кашкавал и парченца путер.
Вратете ги во рерна и печете уште 3 минути.

Послужете веднаш, додека е топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани