10
апр
2020
Топен кашкавал со јајца
Брзински појадок кој ќе го снема со уште поголема брзина.
Се матат јајцата, се додава млекото, брашното помешано со сода, мешан сув зачин и путерот. Да се изедначи смесата и се става и кашкавалот.
Садот во кој ќе се печи се премачкува путер, се додава во него цела смеса и се печи во загреана рерна на 200 степени, додека добие златеста боја. Во мојата рерна тоа беше за 25 мин.
Се служи топло. Инаку самиот состав на смесата дозволува додаток по избор на сланина или било што ви се допаѓа.садот во кој го печев беше правоаголно тавче 30см.со 25 ширина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови