Испечати

Топен кашкавал со јајца

Топен кашкавал со јајца

Состојки

  • 250гр. рендан кашкавал
  • 4 јајца
  • 250 мл. млеко
  • 5 лажици брашно
  • 20гр. топен путер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1мала лажица сода бикарбона

Подготовка

Брзински појадок кој ќе го снема со уште поголема брзина.
Се матат јајцата, се додава млекото, брашното помешано со сода,  мешан сув зачин и путерот. Да се изедначи смесата и се става и кашкавалот.
Садот во кој ќе се печи се премачкува путер, се додава во него цела смеса и се печи во загреана рерна на 200 степени, додека добие златеста боја. Во мојата рерна тоа беше за 25 мин.
Се служи топло. Инаку самиот состав на смесата дозволува додаток по избор на сланина или било што ви се допаѓа.садот во кој го печев беше правоаголно тавче 30см.со 25 ширина.