Тиквички со бешамел сос
Тиквичките се мијат убаво, се сечат по должина и се длабат со помош на лажица. Се ставаат во сад со вода која врие, да варат 5 минути.
Во меѓувреме, издлабениот дел од тиквичките и шунката се сецкаат на коцкички.
На растопен путер се пржи брашното. Се промешува да не потемни, се додава сол и и бибер и полека се додава млекото со постојано мешање.
Откако ќе почне да згуснува, се додаваат топеното сирење и пармезанот. Се промешува да се соединат состојките.
Се додаваат исецканите тиквички и шунката. Сосот се трга од оган после неколку минути.
Издлабените тиквички се редат во сад за печење и се полнат со бешамел сос.
Се ставаат во загреана релна на 200℃ и се печат околу 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се става 4 полни лажици брашно.