Припрема
- Во просејаното брашно додадете го шеќерот, ванилата, циметот, пецивото, сувото грозје и измешајте.
- Со миксер изматете го јајцето, додадете го млекото, пирето од тиквата и сувото грозје.
- Додадете го брашното во добиената смеса од јајцето и млекото. Измешајте.
- Премачкајте ги калапите за мафини со малку масло,побрашнете - а ако се силиконски калапите - тогаш ништо не треба. Ставајте во секој калап од добиената смеса полнејки ги 2/3.
- Ставете да се печат 15-20 мин. во претходно загреана рерна на 180-200 степени. Печени оставете да оладата, потоа извадете ги од калапите.
Можете да ги прелевате со преливи, јас овде ви пишувам два прелива, па кој ви се бендсиа со тој работете, макар да јас веке почнав само да ги прелевам со мед, посипувам со ореви.
Преливи
1. Ставете во сад павлаката, пирето од тиквата и медот, убаво измиксајте, прелијте ги муфините.
2. Сварете густ сос од боровинките со шеќерот и водата, додадете лимоновиот сок.
3. Топло ви го препорачувам и наједноставниот прелив - мед и ореви.
Чашата е од 250 мл.
Од овие состојки не излегуваат многу мафини, затоа ако спремате за повеќе лица дупло ставајте од состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани