Лесно, вкусно, не секојдневно...
- Направете пире од печена тиква. Потребно е да е печена заради тоа што пирето е посуво, значи не треба да е варена на пареа.
- Сомелете ги бискотите и бадемите.
- Насецкајте ја брусницата
Сетоа ова ставете во сад, додадете ја и ванилата, измешајте со миксер да се сите состојки добро спојат, направете бомбички во големина која ја сакате вие. Ставете ги во фрижидер малку да постојат и да се зацврстат, а за тоа време направете глазура која ви е омилена. Вадете од бомбиците и полевајте ги со глазурата. Декорирајте како сакате.
Напомена
Бискотите мора да бидат Спекуланс поради нивниот вкус и мирис, доколку немате од нив, тогаш ќе мора да ги дадодате сите зачини за да го доловите вкусот на бомбиците, а тоа се цимет,каранфилче, оревчето, ѓумбир. Го има и готов микс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани