Месото исечете го на коцки и ставете го да се пржи.
Кромидот ситно исечете го и додајте го кај месото. Кога ќе биде при крај месото, додајте сечени печурки. Попржете уште малку и додајте ја тиквата сечена на коцки. Додајте вода, подинстајте околу 10 минути, и додајте крем супа.

Посолете, ставете црн пипер и сув зеленчук. На крај додајте магдонос.
Сервирајте во чинија и украсете со павлака.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани