Тиква со месо и печурки во крем супа
Состојки
- 500 гр свинско месо
- 1 кромид
- 150 гр печурки
- 1 тиква
- 1 крем супа од печурки
- По вкус сол, бибер и сечкан магдонос
Подготовка
Месото исечете го на коцки и ставете го да се пржи.
Кромидот ситно исечете го и додајте го кај месото. Кога ќе биде при крај месото, додајте сечени печурки. Попржете уште малку и додајте ја тиквата сечена на коцки. Додајте вода, подинстајте околу 10 минути, и додајте крем супа.
Посолете, ставете црн пипер и сув зеленчук. На крај додајте магдонос.
Сервирајте во чинија и украсете со павлака.
Добар апетит!