17
дек
2019
Ражниче со тиква, печурки и зеленчук (посно)
Ражничињата со тиква можете да ги послужете во посни денови.
Зеленчук земете по желба
Јас ги користив тиква, тиквичка, црн патлиџан, брокула, кромид.
Зеленчукот и печурките исечете ги на коцки и навлечете ги на стапчиња за ражниче. Подсолете, ставете црн пипер и малку рузмарин.
Печете ги на грил тава со малку зејтин.
Послужете со домата или кечап и тостирано лепче.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани