Тесто за банички и лепчиња
- Предтестото
- Во садот во кој ќе месите разматете го киселото млеко и измешајте во млаката вода, додадете квасецот, 5-6 лажици од одмереното брашно, шеќерот. Разматете да се соедини, покријте со крпа или капак, оставете го околу 15 минути да се активира квасецот.
- Откако се активирал квасецот, во него додадете половина од маслото и добро разбркајте, а потоа полека додавајте од брашното во кое сте веке измешале солта, и почнете да месете. Не го истурајте брашното одеднаш, зависно од брашното - количината варира за околу 50 гр. Месете го тестото и на самиот крај додадете го остатокот од маслото и измесете. Треба да добиете доста меко тесто, но кое не се лепи за рацете. Покријте и оставете да стаса онолку време колку што е потребно да тројно го зголеми обемот.
- Стасаното тесто поделете го на 16 дела, измесете топчиња и ставајте во плекот во кој ќе печите кој сте го намрсниле или послале со хартија за печење, малку сте посипале сол (може и едра). Откако сте ги оформиле и наредиле во плехчето оставете да повторно добро стасаат.
- Стасаните лепчиња со четка премачкајте со добро разматеното кисело млеко, а потоа повторете ја постапката, но сега премачкајте ги со масло, посипете со малку сол. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 - 45 мин.
Печени извадете ги од плехчето да се ладат на решетка или дрвена даска, но не ги покривајте со ништо, во тоа е магијата за крцкавата кора.
Напомена
- За оваа количина на тесто совршено одговара малиот ростер тава. Идеална е.
- Кората е крцкава, тестото сунгерасто, банички - лепчиња кои се совршени и само со шарена сол да се топи, а совршени и за сендвичи. Ако ги покриете со крпа кората ке омекне. Јас ја сакам крцкава, а вие изберете сами.
- Во малата Ростер тава ги редев по 4 топчиња во 4 реда. Тежината на едно (од прилика кажувам) треба да е од околу 80 гр.
Лиценца: Сите права се задржани