- Сварете ја тестенината и одложете настрана.

- Исечете ја зелката, кромидот. Исечете ја и тиквата на коцки.
- Во тава ставете двете масла, нека се загрее малку и ставете се заедно да се пржи. При крај додадете ги и семките од тиква. Посолете на вкус, додадете биберот.
- Додадете ја и сварената тестенина и измешајте.
- Лесно намрснете сад во кој ќе ја префрлите претходната содржина, нарендајте тврдо сирење или кашкавал, ставете во претходно загреана рерна на 160 степена и нека се потпекува околу 20 мин.
Нека ви е слатко.
Напомена
- Користе домашно спремани резанци.
Кога и да правам, делам на два дела, ставам во помали модли и едната ја посипувам со тврдо сирење, а другата со кашкавал. Јас лично ја обожавам спреманата порција со сирење.. а моите останати ова го сакат со кашкавал.
Прилогот од зелена салата во која исто така ставам семки од тиква совршено се надополнува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани