Брзи тестенини со морков, зелка и пилешки стек
Уште еден рецепт од серијата брзи идеи за ручек.
Подготовка:
1. Стекот го ставаме на оган да се вари, а во мегувреме во друго тенџере ги вариме тестенитите.
2. Истовремено на тава ги запржуваме ренданите моркови и зелка која ја имаме ситно исецкано од претходно. Штом стекот е сварен го сецкаме и него ситно, и го додаваме во зеленчукот, малку пропржуваме заедно, додаваме зачини и соја сосот и ја тргаме тавата на страна.
3. Сваретните тестенини ги цедиме, и ги додаваме во тавата со другите состојки, промешуваме и ручекот е готов за јадење.
Ова е за две порции количина
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови