Едноставен и вкусен ручек посебно за љубителите на италијанската храна.
1. Во исто време ставаме да се загрева вода околу 3 литри, во која сме додале една лажица сол, а во тава на зејтин запржуваме ситно сечен морков и две млади лукчиња.
2. Кон запржениот морков и млад кромид, го додаваме измиениот и исчистен и ситно исечен спанаќ. Запржуваме и ги додаваме и шери доматите исечени на четвртини. Оставаме да се запржат и ја додаваме павлаката.
3. Кога ќе зоврие водата ги додаваме тајателите и ги оставаме да вријат според упатството.
4. Кон сосот ги додаваме и индиските ореви и ренданиот пармезан и промешуваме. Сосот заедно со пармезанот доволно е само кратко да се промеша и се трга на страна.
5. Тајателите ги цедиме од водата и ги ставаме во садот во кој ќе ги служиме.Им додаваме маслинов зејтин и ги промешуваме. Го додваме и сосот и повторно промешуваме.
Тајателите се највкусни ако се конзумираат веднаш топли и препорачливо е и чаша добро бело вино.
На здравје вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови