![Сусамки](https://moirecepti.mk/content/uploads/2012/03/19e4b388d1cf961025970975ee7e68ff_header-4681.jpg)
12
мар
2012
Сусамки
Маргаринот изматете го малку со миксер и додадете го јајцето, жолчката и пецивото кое ќе го растворите во румот. Потоа постепено додавајте брашно и месете. Отприлика влегува 500 гр. Кога тестото ќе биде готово, кинете мали парчиња (отприлика ќе добиете 70-80) и формирајте топчиња. Белката изматете ја малку со сол и во неа прпелајте ги топчињата а потоа во сусамот. Печете ги на на 180 степени, петнаесетина минути, додека малку не поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани