29
мар
2015
Палачинки од банана со џем од малини (посно, сурово)
1 банана се блендира заедно со 1 лажица мелени непечени кикирики,1 лажица кокос, малку рогач и цимет. Се ставаат на мрсна хартија во плех , се прават 4 мини палачинки убаво се размачкуваат додека не ја добиете правилната форма. Рерната вклучете ја на 50 степени. Правилно се дехидрира 2-3 часа, ама јас ги сакам посочни и помеки и во мојот случај доволно беа 40мин или додека не се зацврсти смесата.
Суров џем од малинки: 1 рака малинки се блендира со малку мед и половина лажичка чиа семе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ама те молам сликај ги поубаво. грев ми е кога гледам колку убави рецепти имаш, а црна темница ги обвила ;)