Испечати

Палачинки од банана со џем од малини (посно, сурово)

Палачинки од банана со џем од малини (посно, сурово)

Состојки

  • 1 банана
  • 1 лажица мелени непечени кикирики
  • 1 лажица кокосово брашно
  • пола лажичка рогач
  • малку цимет
  • за суров џем
  • пола шола малинки
  • пола лажиче чиа семе
  • пола лажичка мед

Подготовка

1 банана се блендира заедно со 1 лажица мелени непечени кикирики,1 лажица кокос, малку рогач и цимет. Се ставаат на мрсна хартија во плех , се прават 4 мини палачинки убаво се размачкуваат додека не ја добиете правилната форма. Рерната вклучете ја на 50 степени. Правилно се дехидрира 2-3 часа, ама јас ги сакам посочни и помеки и во мојот случај доволно беа 40мин или додека не се зацврсти смесата.
Суров џем од малинки: 1 рака малинки се блендира со малку мед и половина лажичка чиа семе.