Ова супа е класика, но нека ја овде, ќе се најде на некого ако сака да си направи вкусна супа.
Постапка
- Во касеролата го ставаме зејтинот и оставаме малку да се загрее, го ставаме ситно сецканиот или ренданио морков во него, веднаш додаваме и 2 лажици вода. Постојано бркаме и кога ќе остане само на зејтин кој добил прекрасна жолта-оранж боја, веднаш додаваме и ситно насецканиот кромид и пиперка. Повторно додаваме вода 2 лажици и постојано бркаме се додека пак не остане на зејтин. Сега се додаваат 2 л.вода и оставете нека зоврие.
- Додека водата да зоврие вие направете ги месните кнедлички. Измесете го прво меленото месо, додадете му ја чубриката, малку сол и малку бибер.
- Оформете ги кнедличките и директно ги ставајте во чинија во која сте веке ставиле 3 - 4 лажици брашно - потоа увалкајте ги во него.
- Кога водата веќе почнала да врие - додадете ги кнедлите една по една и веднаш ставете го и измиениот ориз. Оставете да се вари се додека се свари оризот, а за тоа време ќе се сварат и кнедлите. Периодично пробркувајте ја.
- Зачинете ја со сув зеленчук, а додадете и чубрика доколку ја сакате, тргнете од огнот.
- Во изматената жолчка со кисело млеко додавајте со црпалка од врелата супа и постојано бркајте, додадете во супата, пробркајте.
Додадете го магданосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани