Супа со кнедли од стар леб
Лебот исечете го на коцки околу 1цм и ставете го во сад. Со вилушка изматете го јајцето со млекото и малку сол. Додајте го во лебот и лесно измешајте го. Покриен оставете го да отстои најмалку 30 мин за да омекне. Повремено мешајте го, лесно без гмечење.
Во тава со путерот и 1 лажица масло пропржете ги кромидот и сланината малку да омекнат. Оставете ги да подоладат и додајте ги во лебот.
Додајте ги и магдоносот, власецот, бибер, рендано морско оревче и брашното. Измешајте и смесата оставете ја 30 мин да се спојат вкусовите.
Со влажни раце направите 8 топчина, извалајте ги во брашно и ставете ги на чинија. Кога се сите готови ставете ја водата со морковот и коцката за супа да зовријат. Додајте ги кнедлите и оставете ги да варат на тивок оган околу 15-20 мин.Или кога ќе помине толку време извадите една кнедла и со лажица пресечете ја, средината треба да биде мека.
Супата послужете ја топла со малку сецкан магдонос или рендан пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани