Испечати

Супа со кнедли од стар леб

Супа со кнедли од стар леб

Состојки

  • За кнедлите
  • 100 гр стар леб
  • 1 јајце
  • 75 мл млеко
  • 60 гр ситно сецкана чадена сланина
  • 1/2 мала главица ситно сецкан кромид
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1/2 лажица сув или свеж власец
  • по вкус сол, бибер и рендано морско оревче
  • 1 лажица(15 гр) путер
  • 1 лажица(20 гр) брашно
  • За супата
  • 1,2 л вода
  • 1 рендан морков
  • 1 телешка коцка за супа

Подготовка

Лебот исечете го на коцки околу 1цм и ставете го во сад. Со вилушка изматете го јајцето со млекото и малку сол. Додајте го во лебот и лесно измешајте го. Покриен оставете го да отстои најмалку 30 мин за да омекне. Повремено мешајте го, лесно без гмечење.
Во тава со путерот и 1 лажица масло пропржете ги кромидот и сланината малку да омекнат. Оставете ги да подоладат и додајте ги во лебот.
Додајте ги и магдоносот, власецот, бибер, рендано морско оревче и брашното. Измешајте и смесата оставете ја 30 мин да се спојат вкусовите.
Со влажни раце направите 8 топчина, извалајте ги во брашно и ставете ги на чинија. Кога се сите готови ставете ја водата со морковот и коцката за супа да зовријат. Додајте ги кнедлите и оставете ги да варат на тивок оган околу 15-20 мин.Или кога ќе помине толку време извадите една кнедла и со лажица пресечете ја, средината треба да биде мека.
Супата послужете ја топла со малку сецкан магдонос или рендан пармезан.