Компир супа со кнедли
Исечкајте ги зеленчуците на ситни кокци и ставете ги во водата, посолете и отавете да се варат на среден оган. Сланината ако сакате претходно пропржете ја. За тоа време направете ја смесата за кнедли.
Во мал сад изматете го пенсто јајцето со солта, па додадетего маслото, повторно иматете со вилушка. Полека ндодавајте од гризот и пецивото и мешајте. Додавајте гриз толку колку да се направи густа смеса, не треба да биде ретка. Количината на гризот зависи од големината на јајцето.
Кога водата почнала да вари, треба да крка по малку со мало лажиче земајте од смесата. Ако случајно првата ви се распадне додајте уште гриз. Не треба по многу бидејќи тие нараснуваат дупло. Ставајте во водата. Со секое земање со лажичето ставајте го во супата за да не се лепи смесата.
Кога ги ставивте сите оставете да се варат 10-15 мин. на среден оган без да мешате. Варете додека се сварат или проверете дали се сварени. Треба да бидат меки и средината да биде сварена. Кога се сварени тргенето го тенерето од оган и покријте со капак. ставете 5-10 мин. за кнедлите да бидат поубави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови