Во тенџере на оган ставете го бујонот, коцката за супа, ренданиот морков и оставете да зоврие.
Во зовриениот бујон ставете ги тортелините, поросете малку мелен црн бибер и оставете да се вари на тивок оган онолку колку што е наведено во упатството од пакувањето на тортелините. Сосема на крај додајте го магдоносот и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани