Испечати

Супа од тортелини и морков

Супа од тортелини и морков

Состојки

  • 150гр. тортелини полнети со пршута(или друг вкус по желба)
  • 1200мл. пилешки бујон
  • 1 морков
  • 1 коцка за супа(од зеленчук)
  • 1 лажица сецкан свеж магдонос
  • по потреба сол, мелен црн бибер

Подготовка

Во тенџере на оган ставете го бујонот, коцката за супа, ренданиот морков и оставете да зоврие.
Во зовриениот бујон ставете ги тортелините, поросете малку мелен црн бибер и оставете да се вари на тивок оган онолку колку што е наведено во упатството од пакувањето на тортелините. Сосема на крај додајте го магдоносот и послужете.