Супа од брокула
1. Исчистите ги и исечкајте ги компирот и кромидот на коцкички.
2. Исчистите ја брокулата и исечкајте ја на цветови.
3. Оставете неколку брокули на страна, а остантите ставете ги во лонче со исечканиот кромид и компир.
4. Ставете го ловоровиот лист и сите продукти прелијте ги со вода.
5. Откако ќе зоврие водата, оставете бавно да се вари 20тина минути.
6. Додајте ги преостанатите брокули кои претходно ги тргнавте на страна и оставете да се вари супата уште 10тина минути.
7. Извадете го ловоровиот лист.
8. Целите брокули кои не се преварени извадете ги од супата и поставете ги на топла чинија.
9. Остатокот од супата испасирајте го со пасирка.
10. Додадете ги останатите варени брокули откако супата ќе се испасира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови