Страчатела колач (без печење)
Колачот се подготвува брзо, а се јаде уште побрзо.
Се мелат бисквитите и се посипуваат со 100 грама растопен маргарин. Смесата се става на дното на округол плех со обрач бр.20. Со помош на чаша убаво се притиска.
Се остава на страна.
За кремот прво кратко ја матиме слатката павлака, ја додаваме и киселата павлака и пак кратко матиме.
Желатинот го раствараме во 100 милилитри вода и го оставаме да набабри. Потоа кратко го загреваме за да се стопи и кон него додаваме од кремот, убаво помешуваме и го ставаме во кремот. Мешаме и кон кремот сега ја додаваме и исечената млечна чоколада на коцки. Приготвениот крем го сипуваме врз бисквитите.
Во микробранова печка ставаме 100 милилтри слатка павлака и 100 грама темна чоколада и загреваме на 1 минута. Ја мешаме смесата и ставаме врз колачот на неколку места. Со стапче за ражничиња или со нож ја распоредуваме чоколадната смеса низ кремот.
Колачот потоа се става во фрижидер и треба да одстои неколку часа.Најдобро ви е да го подготвите навечер и да одстои преку ноќ.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Го пребендисав :-)