Видео рецепт: Страчатела торта
Денес ќе готвиме заедно со Ирена, готвач член на нашата веб-страница. Ирена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Страчатела торта.
Многу едноставна, но вкусна торта со подлога од белки со ореви, и фил со шлаг и чоколадо.
Подготовка
Чекор 1: Белките треба да бидат на собна температура. Убаво изматете ги белките со шеќерот. Додадете ги оревите, брашното, прашокот за пециво и лесно мешајте да се спојат.
Чекор 2: Смесата истурете ја во тавата за печење и печете на 185 степени околу 25 минути, проверете со чепкалка. Оставете да се олади добро.
Чекор 3: Изрендајте го чоколадото. Во сад за матење убаво изматете ги жолчките со шеќерот. Со миксерот изматете ја слатката павлака и соединете ја со матените жолчки. Додадете го и ренданото чоколадо и убаво изедначете со лесни движења.
Чекор 4: Изладеното тесто премачкајте го со филот и наросете рендано чоколадо. Оставете да се олади пред послужување, најдобро преку ноќ.
СОВЕТ: Оваа торта е одлична за сите моменти кога чекате поголем број гости, бидејќи се подготвува едноставно, а е многу вкусна.