Најпрво исчистете ги главичките кромид и ставете ги со маслото да се испржат, да добијат малку боја. Врз нив ставете го доматниот сос, сечканите домати, виното и лукот и оставете го сето да покрчка петнаесетина минути. Зачинете и ставете го коњакот и ворчестер сосот. Тргнете го настрана.
Во длабока тава ставете ги филетите од риба (во овој случај панга) и врз нив турете ја смесата. Одозгора ставете го магдоносот. Покријте ја тавата и ставете ја во загреана рерна да се печи час и половина. Тргнете го капакот па продолжете да печите уште петнаесетина минути.
Стифадото е традиционално грчко јадење кое најчесто се прави со телешко месо, а може и со риба, а и со зајачко месо. Обавезно се служи со доста леб, пожелно е да биди домашен, заради прекрасниот сос кој треба да се измака. :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови