Во сад над пареа ставете ги чоколадите искршени на коцки, путерот, шеќерот и млекото. Оставете ги да се стопат и мешајте да се спои целата смеса.
Садот тргнете го на страна и додајте ги бисквитите и лешниците. Убаво измешајте ја смесата.
Во плех со хартија нанесете ја смесата во квадратна форма дебела околу 1цм и израмнете ја. Ако мислите дека смесата е премногу ретка за формирање на квадратот, пред да го правите оставете ја во фрижидер или во замрзнувач малку да се стегне.
Така оформениот квадрат повторно ставете го во фрижидер малку да се стегне. Со калапче срце вадите колачи. Од остатоците пак направите квадратче и вадите колачи или може да си направите бомбици.
Направените срциња оставете ги убаво да се стегнат и изладат во фрижидер,потоа прелијте ги со чоколадата стопена на пареа.
Одозгора украсете ги по вкус и желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани