Овај е мојот велигденски козињак,милиброт или како уште сакате наречете го само ќе надополнам дека за мене е не заменлив и топло го препорачувам.

Сите состојки се ставаат во вангла-сад во кој ќе го месите тестото со исклучок на квасецот и млекото кои се мешаат заедно да се истопи убаво квасецот,  а потоа се додава во брашното, се меси добро тестото и се остава да се одмори некои 30-40 минути.

За тоа време го припремаме филот.
Мелените ореви се попаруваат со водата и се додава веднаш чоколадото за да се истопи. Тестото не се премесува туку одма се дели на 3 дела секој од нив на уште по 2 други топки, значи се добиваат 3 ролати. Се сука правоаголна кора од секоја топка и се премачкува со маргарин, тенок слој фил, се витка во ролатче, од 2 ролатчиња се добива еден поголем со меѓусебно испреплетување еден преку друг. Се става во погоден правоаголен калап за козињак, премачкан со маргарин-калапот.
Сите ролати се киснат 2 саати, пред печење се мачкаат со топен маргарин,  па се печат на 180, испечени се премачкуваат со четче со ладна вода и се прекриваат со платнена крпа да се остинат...меки памук

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови