Спанаќот убаво се мие, чисти и се обарува.
Кромидот се сече на поситни коцки и се запржува во зејтинот. Се додава и кимот и се пржи додека кромидот не зарумени. Се додава исчистениот ориз, се зачинува и се пропржува 2-3 минути. На крај се додава и сирењето изрендано, убаво се меша и смесата се истура во калап за печење. Се додава обарениот спанаќ, убаво се соединува и се став вода околу 500мл, зачини и се пече околу 30 минути на 200степени.
Одкако ќе испари сета вода тавчето се прелива со изматените јајца со павлака и се враќа во рерна да се запече.
Се служи со кисело млеко или павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови