Стековите од соја се ставаат да варат 20 минути во 300 мл зовриена вода во која сме додале мешан сув зачин или коцка за супа.

На масло се пржат ренданиот кромид и шампињоните исечени на листови. Додаваме малку мешан сув зачин, бибер, куркума, ѓумбир и околу 50 мл вода и вариме 5-10 минути.

Потоа во тавата ги ставаме соја стековите, кикиритките, преостанатиот мешан сув зачин и густинот, кој претходно го разматуваме во малку вода. Ја додаваме и преостанатата вода и вариме 5 минути, со повремено мешање.

Откако ќе се свари, ја тргаме тавата и ги оставаме соја стековите во сосот околу 10 минути во поклопен сад.

Послужуваме со свежа салата.

На здравје.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови