Подготовка -

1. Се матат јајцата пенасто со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме останатите состојки. Смесата за пандишпан ја истураме во намрсено и набрашнето тавче број 28 и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени - 5 минути, па намалуваме на 180 степени. Проверуваме со чачкалица.
2. Печениот пандишпан го оставаме да се олади, па го боцкаме насекаде со чачкалица и го полеваме полека насекаде со лажица со врелото млеко, во кое сме додале 6 г.л. шеќер.
3. Потоа премачкуваме со готовиот карамел прелив, па завршуваме со изматениот шлаг крем (со додавање на млеко според упатството).
4. Оставаме да се олади колачот, па послужуваме.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани