Брз карамел крем- прелив
Вистинско засладување на сладоледи, колачи, торти, палачинки, крофни... Едноставно се подготвува, а вкусот не заостанува зад другите рецепти кои се подготвуваат со млеко. Јас ги сакам брзите подготовки и затоа со вас го споделувам овој вкусен рецепт за карамел прелив.
Подготовка
1. Шеќерот го ставаме на средна температура да се растопи, карамелизира.
2. Откако ќе се стопи и добие проѕирна структура го тргаме на страна и растопуваме путер во него.
3. Ја додаваме постепено слатката павлака која претходно сме ја загреале. Оваа количина на едно 3-4 пати ја додаваме и мешаме истовремено.
4. Смесата ја враќаме на рингла сосема на кратко, колку да се хомогенизираат состојките.
5. Оставаме да се излади и малку стегне, па го ставаме во тегличка.
6. Го чуваме во фрижидер.
Забелешка
Кога го топиме и карамелизираме шеќерот треба да внимаваме да не ни прегори, значи на висока температура не смееме да го топиме. Кај мене на скала 3-4 од 6 го правев карамелизирањето. Најдобро е да не се меша додека се топи. Највкусен е со млечна слатка павлака, ама ако не ви се наоѓа таква пробајте и со растителна, има разлика, иако не заостанува многу во вкусот.