Сочен колач со Карамел прелив
Состојки
- 3 Јајца
- 10 г.л. Шеќер
- 12 г.л. Зејтин
- 12 г.л. Млеко (млако)
- 14 г.л. Брашно
- 3 г.л. Какао (просеано)
- 3 г.л. Ореви (мелени)
- 1 Пециво
- За прелевање на печениот пандишпан - 500 мл. врело млеко и 6 г.л. шеќер.
- За премачкување - 250 гр Готов Карамел прелив, плус 2 паковања Шлаг Крем
Подготовка
Подготовка -
1. Се матат јајцата пенасто со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме останатите состојки. Смесата за пандишпан ја истураме во намрсено и набрашнето тавче број 28 и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени - 5 минути, па намалуваме на 180 степени. Проверуваме со чачкалица.
2. Печениот пандишпан го оставаме да се олади, па го боцкаме насекаде со чачкалица и го полеваме полека насекаде со лажица со врелото млеко, во кое сме додале 6 г.л. шеќер.
3. Потоа премачкуваме со готовиот карамел прелив, па завршуваме со изматениот шлаг крем (со додавање на млеко според упатството).
4. Оставаме да се олади колачот, па послужуваме.
На здравје!