Сосот одговара и за шпагети, за макарони, резанци, по ваша желба.

Подготовка:
1. Сланината ситно исечкајте ја и ставете ја да се пропржи.
2. Во неа додајте го ситно исечканиот вргањ и продолжете со пржење.
3. Додајте ја павлаката, зачинете и додајте малку вода во која ја варевте тестенината, па продолжете со варење се додека не се добие убав сос. Одозгора наросете или сечкан магдонос или сечкан власец, по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови