Сос со вргањ за тестенини
Состојки
- 3-4 свежи вргањи
 - 100 гр чадена сланина
 - 250 гр кисела павлака
 - малку вода од тестенината
 - сува зачин и бибер по вкус
 
Подготовка
Сосот одговара и за шпагети, за макарони, резанци, по ваша желба.
Подготовка:
 1. Сланината ситно исечкајте ја и ставете ја да се пропржи.
 2. Во неа додајте го ситно исечканиот вргањ и продолжете со пржење.
 3. Додајте ја павлаката, зачинете и додајте малку вода во која ја варевте тестенината, па продолжете со варење се додека не се добие убав сос. Одозгора наросете или сечкан магдонос или сечкан власец, по желба.