Солен палента колач
Сакав за вечера да спремам палента, но не сакав да ја спремам на класечен начин. Сакав да има и некој зеленчук, што нема да биде спремен посебно, па така ми дојде оваа идеја . Многу вкусно. Ви препорачувам да го подготвите.
Подготовка:
1. Во зовриената вода ставете сол по вкус и додајте ја палентата. Намалете на најтивко и со често мешање варете ја 20 минути (времето не е фиксно, зависи од тоа каква палента ќе користите). Откако ќе биде готова ставете го маслото и измешајте.
2. Во округол нелеплив капал од 22цм.(премачкан со масло и посипан со малку лебни трошки) ставете еден слој од палентата. Останатата палента истурете ја во пошрок сад и оставете да се олади. Потоа исечете ја на неколку помали или еден голем круг, голем колку калапот и 2-3 ленти за обложување на калапот.
3. Тивкичката и модриот патилиџан исечете ги на кругови и испечете ги на грил тава. Калапот обложете го со палентата исечена на ленти. Нанесете еден слој од грилованиот зеленчук во калапот, врз слојот од палентата. Поросете малку оригано, нанесете ги парчињата моцарела и остатокот од грилованиот зеленчук. Одозгора нанесете ја преостанатата палента исечена на кругови.
4. Премачкајте убаво со маслиново масло и наросете по малку грана сирење и лебни трошки. Печете на 200 степени, 30-35 минути.
Лиценца: Сите права се задржани