Солен колач со овесни снегулки и сирење (без брашно)
Го нареков колач, но кога е убаво оладен слободно може да се искористи и како замена за леб
Со оглед на тоа дека има сирење, одличен е во комбинација со домат.
Овесните снегулки изблендирајте ги.
Јајцата изматете ги и измешајте ги со сирењето.
Додајте го маслото, солта, содата(пецивото) и водата.
Промешајте па додајте ги овесните снегулки.
Измешајте убаво со дрвена лажица.
Ставете ја смесата во мал калап за леб, обложен со хартија.
Печете на 180 степени, 40-45 минути, зависно од рерната.
Треба да фати убава крцкава кора, затоа ќе си го регулирате времето на печење.
Оставете убаво да се олади.
И како што пишав погоре може да се јаде како замена за леб во комбинација со домат и лиснат зеленчук.
Но може и со јогурт, кефир, кисело млеко, со некое сувомеснато....изборот е ваш.
Лиценца: Сите права се задржани
Vi go preporacuvam.