12
авг
2020
Солен кекс со праз, сирење и морков
1. Рерната ја пуштаме да се загрева на 200 степени.
2. Во сад со жица ги матиме јајцата и останатите течни состојки.
3. Ги додаваме празот, брашното со пецивото (просеани заедно), потоа и сите останати состојки, мешаме убаво да се изедначат сите состојки.
4. Смесата ја истураме во намрсено и набрашнето правоаголно тавче (јас печев во малата ростер тава), одозгора посипуваме со сусам и ленено семе, и печеме во загреаната рерна околу 40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Pa i praz...go obozavam
Celo zimo kupuvam sekoj pazar, stram Mi e i letovo da go kupuvam. haha