Испечати

Солен кекс со праз, сирење и морков

Солен кекс со праз, сирење и морков

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 мл. кисела вода
  • 100 мл. масло
  • 1 и пол страк праз (ситно сечкан)
  • 10 лажици брашно
  • 1 пециво
  • по 1 мала лажичка сол и шеќер
  • 70 гр. сирење (рендано)
  • 1 морков (ситно рендан)
  • по потреба сусам и лен за одозгора

Подготовка

1. Рерната ја пуштаме да се загрева на 200 степени.
2. Во сад со жица ги матиме јајцата и останатите течни состојки.
3. Ги додаваме празот, брашното со пецивото (просеани заедно), потоа и сите останати состојки, мешаме убаво да се изедначат сите состојки.
4. Смесата ја истураме во намрсено и набрашнето правоаголно тавче (јас печев во малата ростер тава), одозгора посипуваме со сусам и ленено семе, и печеме во загреаната рерна околу 40 минути.