Еве го рецептот и за солените тостерки кои задолжително ги подготвувам кога одиме на викенд или одмор, сепак домашно си е домашно. Одлично одат со кисела павлака или јогурт, па ако сте го пропуштиле појадокот, ќе ви бидат достојна замена, ако не, уживајте ги со пиво.

Подготовка
Од сите наведени состојки се замесува тесто. Се прават топчиња во големина на орев, и се печат во загреан тостер.

Забелешка
Бидејќи кимот не го сакаат сите од моето семејство, колку што го сакаме ние со сопругот, само во половина доза од смесата ставам ким. Вие правете си ги по ваш вкус.
Предноста на овие соленки се што траат и по неколку дена, не го менуваат вкусот ниту текстурата.
Можете маста да ја замените со путер, ама нема да биде во иста грамажа бидејќи маста е помрсна, значи ќе ви треба помалку брашно, ако користите путер.
Можете да ги направите и само со сирење, не мора да ставате кашкавал, мојот оригинален рецепт е без кашкавал. Додадете си и зачини по желба, оригано, куркума и сл. Се разбира дека ќе имаат поинаков вкус, ама тоа е ваш избор и желба.
И колку изнапишав, а подготовката ја срочив во една реченица, ама ете може ќе ви се најдат овие мои забелешки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани