
Солени ролатчиња со спанаќ
Рецептов го најдов по интернетот и беше како еден ролат.  Мене потребата ми беше за ситни залачиња и затоа направив два помали ролати.
 За тестото, избијте ги јајцата па додајте ги другите состојки и убаво со маталка измешајте. Спанаќот убаво со рака исцедете го.
 Печете во загреана рерна на 200 степени, а плехот прекријте го со хартија.
 После печењето, тестото завиткајте го во ролат, на влажна кујнска крпа.
 Сварете 4 јајца за филовите. За првиот фил ставете ги во блендер жолчките и шунката и изблендирајте ги, па додајте го путерот и зачинете по вкус.
 Смесата поделете ја на два дела. На најлонска фолија направете колабвчиња со должина на потесната страна од тестото. Стегнете ги во фолијата и ставете ги во фрижидер, отприлика еден час, убаво да се стегнат.
 Кога ќе бидат убаво стегнати, направете го другиот фил. Исто во блендер ставете ги белките и убаво иситнете ги.
 Во нив ставете ги сирењата, путерот, посолете ако не ви е доволно солено и со виљушка убаво измешајте, да се соедини.
 Тестото извадете го од крпата и премачкајте го со белата смеса. Поделете го на два дела. На средината од секој дел ставете ги колбавчињата од другиот фил и направете две ролатчиња. Завиткајте ги со фолија и ставете ги во фрижидер до служење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови























Кај тебе положен подготвен хаха
Еве го скоро истиот рецепт објавен мн одамна
А не положен хаха