Спанаќ ролатчиња
Спанаќот се мие, се чисти и се вари во вода да омекни. Се цеди убаво и се става сол.
Во брашното се додава сол, масло и зафатен квасец. Па се замесува тестото со околу 500мл млака вода и се меси на меко. Се остава 5 минути да одмори.
Тестот се дели на два дела. Прво едниот дел се сучи во кора, се премачкува со пола растопен маргарин и се става пола од спанаќот. Се витка во ролат и се сечат делови, исти по големина ( по 3 прсти) и се редат исправени во тавче премачкано со маргарин на еден прст растојание.
Постапката се повторува и со вториот дел од тестото и се оставаат половина час да надојдат.
После половина час ролатчињата се премачкуваат со јајце, се става сол, сусам или ленено семе по желба и малку маргарин помеѓу секој дел за полесно одделување.
Во жешка рерна се печи 10 минути на 200 степени, па се намалува на 180 степени и се печи околу половина час.
Со оваа количина изгледува еден полн плех (колку за зелник печење) и едно помало тавче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови