1. Квасецот се остава да стаса во еден сад со малку топла вода
2. Брашното, палентата, јајцата, маслото за јадење, сол, шеќер, млеко и кисело млеко се се става во сад и се замесува додавајќи при тоа по потреба топла вода (окулу 400-500мл)
3. Тестото без да одмори се поделува на 8 топчиња и од нив подоцна се прават 2 ролата (со по 4 топчиња, односно со по 4 корички)
4. И првиот и вториот ролат се прават со по 4 корички, Секое топче се рассукува во помала коричка
5. Сите 4 корички се редат една врз друга, се премачкуваат со маргарин, но на последната коричка нема маргарин и се рассукуваат во една поголема кора. Овакви излегуваат 2 ролата со по 4 корички
6. Големата кора се премачкува со маргарин и врз него се редат ситно исечканото сувомесно, кашкавалот и урдата (сирењето), младото кромидче и магдоносот
7. Се витка ролат и од него се сечат ролатки со дебелина околу 1,5 см
8. Се попрскуваат со сусам
9. Се печат на намрсено тавче со маргарин во загреана рерна на 200 С околу 20-тина минути

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани