Испечати

Солени ролатки со палента

Солени ролатки со палента

Состојки

  • 750 гр брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажици сол
  • 50 мл масло за јадење
  • 200 мл млеко
  • 150 гр кисело млеко
  • 2 јајца (без 1 жолчка-која ја оставам за да ги премачкам одозгора ролатките со неа)
  • 250 гр царевно брашно или палента
  • 250 гр маргарин
  • малку сусам
  • 150-200 гр урда или сирење ....за филот
  • 100 гр кашкавал ....за филот
  • 150-200 гр сувомесно (јас ставив пушен врат, чајна и шунка измешано) ....за филот
  • неколку зелени перца од младо кромидче(ситно сечкани) ....за филот
  • малку магдонос (ситно сечкан) ....за филот

Подготовка

1. Квасецот се остава да стаса во еден сад со малку топла вода
2. Брашното, палентата, јајцата, маслото за јадење, сол, шеќер, млеко и кисело млеко се се става во сад и се замесува додавајќи при тоа по потреба топла вода (окулу 400-500мл)
3. Тестото без да одмори се поделува на 8 топчиња и од нив подоцна се прават 2 ролата (со по 4 топчиња, односно со по 4 корички)
4. И првиот и вториот ролат се прават со по 4 корички, Секое топче се рассукува во помала коричка
5. Сите 4 корички се редат една врз друга, се премачкуваат со маргарин, но на последната коричка нема маргарин и се рассукуваат во една поголема кора. Овакви излегуваат 2 ролата со по 4 корички
6. Големата кора се премачкува со маргарин и врз него се редат ситно исечканото сувомесно, кашкавалот и урдата (сирењето), младото кромидче и магдоносот
7. Се витка ролат и од него се сечат ролатки со дебелина околу 1,5 см
8. Се попрскуваат со сусам
9. Се печат на намрсено тавче со маргарин во загреана рерна на 200 С околу 20-тина минути